Свет
19. February 2019 - 20:55

ХОРОР: Седум деца изгореа до смрт, најмалото имало 3 месеци

Седум деца загинаа во пожар во куќа во предградието на Халифакс, град на брегот на Атлантикот, на југоисточна Канада.

Истражувачите навеле дека се работи за деца од исто семејство, а во пожарот се повредени и маж и жена.

Општинскиот центар соопштил дека се работи за семејство од Сирија. Во семејството имало 7 деца на возраст од три месеци до 17 години.

Нивната сосетка рекла дека слушнала вресоци од жената, нешто после полноќ по локално врeме.

Пожарот избувнал на горниот кат, каде што спиеле децата, додека долу биле родителите, кои го преживеале пожарот.