Фудбал
16. May 2018 - 20:54

Хорор сцена на фудбалски меч: По сударот со глави едниот фудбалер остана да лежи на теренот, завладеа паника на стадионот

На натпреварот од Правата романска лига меѓу Сепси и Поли од Темишвар се случи хорор сцена. По сударот со глава на двајца фудбалери настана вистинска паника.

Во 36. минута на средината на теренот во скок дуел со глави се судрија Нигериецот од Сепси Бенџамин Куку и Денис Харут од Поли и двајцата останаа подолго да лежат.

Актерите од мечот забележаа дека младиот играч на Поли, 19-годишниот Денис останал на тревата во бессвесна состојба, И судијата и останатите фудбалери панично побараа помош и се фаќаа за глави.

На несреќното момче веднаш на помош му притрчаа лекарите, а набрзо на терен стигнаа и две возила на итната помош. Харут е брзо превезен во болница, каде и сега се опоравува.

Бенџамин Куку не бил толку тешко повреден, па го продолжил мечот.