Фудбал
20. May 2018 - 9:30

Хорор прослава на Црвена Звезда: Им се запали автобусот со кој тргнаа да ја прослават титулата

Се запали автобусот со кој фудбалерите на Црвена Звезда одеа од „Маракана“ кон Храмот Свети Сава во придружба на навивачите.

По натреварот од последното коло во кој Звезда го победи Вождовац (5:1), од стадионот „Рајко Митиќ’ тргна навивачката група, а со нив и автобусот со отворен покрив во кој беше екипата.

Планот бил така да се дојде до Храмот Свети Сава и да се прослави титулата.

Меѓутоа на Автокоманда дојде до несреќа. Автобусот се запали!

Неофицијално до пожарот дошло кога некој од фудбалерите случајно со факел го запалил маслото кое капело од автобусот.