Живот
15. November 2016 - 14:14

Хорор: Преживеал двоен напад од мечка, а сето тоа го снимил за на Фејсбук

50-годишниот Тод Ор од американската држава Монтана, за среќа успеал да преживее напад на гризли - два пати. До двојниот крвав напад, тој решил да сними видео и да го постави на Фејсбук, за да ги предупреди своите сограѓани од опасноста од дивите ѕверови.
Мајката гризли со неколку младенчиња го забележала на 25 метри оддалеченост. Ор се обидел да се одбрани со спреј против мечки, со кој ја прснал мечката во очи, но не успеал да го спречи нападот.
 
"Го ставив лицето во земја и рацете околу врат за да се заштитам. Стоеше над мене и почна да ми ги гризе рацете и рамениците, како и ранецот кој го носев на грбот", напишал Ор во подолгиот статус на Фејсбук со кој сакал да привлече внимание за опасноста од мечките. Пред тој пост, Ор на Фејсбук поставил и видео снимка со крваво лице, пишува CBS.
 
"Секое касање беше како удар со чекан со заби. Застануваше на неколку секунди, па пак ќе ме гризнеше. Од почеток и од почеток. По неколку минути, кои изгледаа како цела вечност, исчезна", вели мажот кој за среќа останал жив.
Иако тешко повреден, Ор успеал да стане и да мине пет километри до својот камион. Сепак, само 10 минути откако почнал да се враќа, непријателот се вратил.
 
Втор пат истото утро, Ор повторно влегол во земјата, обидувајќи се да глуми мртов штитејќи го вратот.
 
"Едно гризење на подлактицата дојде до коската и слушнав крцкање. Мојата рака во истиот момент се вкочани, а прстите беа неупотребливи. Ненадејната болка ме натера да се борам за здив. Тој звук предизвика нови напади на грбот и рамениците. Знаев дека не можам да мрднам ниту да испуштам звуци, па се собрав целосно. Уште неколку гризења по главата и рана на увото. Речиси да ми го отвори скалпот", ја опишува Ор новата драма.
 
Ор во футролата имал пиштол, но го изгубил за време на нападот. Конечно, неговите обиди да делува безживотно се исплателе. Мечката сопрела со нападот. Застанала над него, го мириснала, и заминала.
Успеал да го мине остатокот од патот до камионот и покрај страшните повреди. Возел 30 километри до болница.
 
Додека возел ѝ се јавил на својата девојка и ѝ кажал да се најдат во болница со чиста облека. 
 
"На самиот влез во Ургентниот центар ме чекаа сестри и доктори, како и полицаец. Полицаецот беше импресиониран што во таква состојба сум го врзал појасот", пишува Ор.