Балкан
30. September 2016 - 10:32

Хорор: Петорица другари ја повикале на пијалак па ја силувале

Под сомнение дека во вторникот извршил обљуба над девојката С.П. (27) со пречки во развојот, новопазарската полиција ги уаспи Хасиб М.(45), Едиб М.(43), Асмир И. (20), Нухију Б. (28) и Едис Д. (29). Како што е соопштено силувањето се случило во домот на најстариот од нив, кој прославувал роденден.

-Девојката претходно тој ден била во посета на семејство во нивното соседство и кога тргнала кон дома, тие ја повикале да им се придружи на прославата и со нив да испие пијачка. Бидејќи се работи за девојка со пречки во развојот, таа се согласила,  а тие ја однеле во соба и ја силувале, велат од полицијата.

Во средата наутри, несреќната девојка случајот го пријавила во полиција, но не се сеќавала на деталите, ниту во која куќа точно се случило силувањето.

Сепак полицијата го пронајде објектот, во кој е затекнато едно од петте осомничени лица, а потоа се уапсени и останатите четворица. Се бранат дека не ја присилиле на секусални односи, иако станува збор за лице со посебни потреби, кое не можело трезвено да размислува во тој момент, а обвинителот случајот го окарактеризира како обљуба над немоќно лице.

Foto-ilustracija: Profimedia/Alamy

На сите им е одреден притвор од 48 часа, при што ќе бидат сослушани во вишото јавно обвинителство, кое ќе одлучи што понатаму.

Од уапсените се земени ДНК примероци, како и примероци од крветот и останатите работи од собата каде е извршено силувањето.

Силуваната девојка неодамна останала без мајка, па живеела со таткото и братот во една од населбите во Нови Пазар.