Македонија
26. January 2016 - 9:49

Хорор: Пациент се закла со ноже во струмичката болница

Пациент во болницата во Струмица си го одзел животот заривајќи си џебен нож во вратот. Лекарите се обиделе, но не успеале да го спасат  Ј.М од струмичкото село Банско.

Пациентот бил пронајден околу завчера 2.30 часот, со убодна рана во десната страна на вратот, нанесена со нож.

Дежурната лекарка и болничарите безмалку цел час се обидувале да го заправт крварењето, но не успеале во тоа. 

Ј.М. имал белодробно заболување и бил примен на интерното одделение на 16 јануари.