Свет
23. May 2016 - 9:06

Хорор: Најмалку 17 лица загинаа при пожар во училиште

Најмалку 17 ученици загинаа, а седум се повредени при пожар во училиште во северен Тајланд, сопшти денеска локалната полиција, јавува ДПА. 

Синоќа зградата била опфатена со пожарот.  Во неа имало 38 ученички на возраст меѓу пет и 12 години. 

Во катастрофата, 17 девојчиња загинаа, а седум деца се повредени и префрлени во болница, при што состојбата на три од нив е критична. 

Причините за пожарот се уште не се познати, а истрагата е во тек.