Македонија
12. April 2016 - 23:46

Хорор на патот Штип - Радовиш, полицијата врши увид

Поради тешка сообраќајна несреќa вечерва од 22,50 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Радовиш.

МВР информира дека несреќата се случила во месноста викана  „9-ти километар“, и во моментов се врши увид.

Засега нема информации за повредени и жртви во оваа сообраќајка.