Живот
23. January 2019 - 20:40

Хорор на летот од Лос Анџелес: Американец тежок 200 килограми побарал стјуардесите да му го избришат задникот, па стенкал на цел глас

Стјуардеси на тајванската авиокомпанија ЕВА ЕР преживеале хорор на летот Лос Анџелес - Таојуан поради патник, Американец, тежок 200 килограми кој ги малтретирал да го однесат до тоалет, да го соблечат - и да му го избришат задникот, зошто не можел сам,
 
Куо, една од стјуардесите, рекла на конференцијата за медиуми дека тој Американец влегол во авионот со инвалидска количка веднаш почнал да изведува.
 
Барал да му дадат три седишта за да му биде удобно. Бидејќи летот бил пополнет, тоа барање не му го исполниле. Меѓутоа, кога видел дека се љубезни и услужни, станал одвратен.
 
Куо раскажа дека прво рекол дека е повреден и дека мора во тоалет, и тоа во бизнис класата, зошто тој во економската му е премал. А и дека не можел сам да се соблече, па му треба помош од персоналот.
 
„Му реков дека не можеме да му помогнеме, па почна да вика. Ми рече веднаш да одам во тоалетот и ми се закани дека ќе се олесни на подот од авионот“, раскажа стјуардеста. Затоа неколку од нив тргнале по него.
 
 
„Кога колешката го соблече, му донесовме ќебе да му ги покриеме гениталиите. Меѓутоа, луто ме удри по раката и ми рече дека не сака ќебе, туку да го соблечам да може во тоалет“, се пожали таа.
 

Но тука не бил крајот. Кога завршил, ги повикал да му го избришат задникот! По натегањето, Куо неволно се согласила зошто не сакала да го остави во тоалетот, и тогаш почнало најлошото. Навлекла три пара ракавици и почнала да го брише, а тој почнал да воздивнува.

„Почна да стенка, о подлабоко, подлабокот“, а подоцна ја обвинил главната стјуардеса дека не го избришала добро и побарала да повтори“, објасни Куп. Морала уште три пати да го избрише, а потоа му ги навлекле панталоните.

Управата на ЕВА Ер соопшти дека персоналот не е должен да исполнува ама баш никаква желба на патниците, но од синдикатот на стјуардесите возвраќаат дека проблемот е систематски поради културата на услугите. Затоа предложиле две решенија: на ваквите патници да им се забрани летање и дека „ЕВА Ер“ ќе почне да вработува и машки кабински персонал.