Балкан
10. March 2019 - 21:11

Хорор на летот од Истанбул до Њујорк, слета безбедно, ама од турбуленциите повредени над 30 патници

Авион на Туркиш Ерлајнс безбедно слетал на њујоршкиот аеродром после сериозни турбуленции во кои повеќе од 32 лица се повредени.

Авионот полетал од Истанбул до Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на аеродромот „Џон Кенеди“.

Десет повредени патници се префрлени во болница, а на останатите им е пружена помош на аеродромот.

На еден патник му била скршена ногата, а повеќето се здобиле со исеченци и модринки по телото.