Балкан
28. јуни 2016 - 13:40

Хорор: На кружен тек жена испадна од градски автобус

Една жена е повредена денеска откако испадна од градски автобус во Белград.

Според првичните информации, околу 12.35 часот жена испаднала од автобусот на линијата 78 и е згрижена во Ургентниот центар во Белград.

До несреќата дошло на кружниот тек од булеварот Михајло Пупин кон Општината Нов Белград.

 

Засега не е познато како жената испаднала од автобусот.