Хорор на југот од Франција: Поплавите рушеа се пред себе, 1.600 кампери евакуирани со хеликоптери | Сител Телевизија
Свет
10. August 2018 - 12:42

Хорор на југот од Франција: Поплавите рушеа се пред себе, 1.600 кампери евакуирани со хеликоптери

Стотици спасувачи со помош на хеликоптери евакуираа околу 1.600 лица, од кои повеќето биле кампери во регионите на Гард, Ардеш и Дром на југот на Франција, каде обилните дождови предизвикаа поплави и ги претворија реките и потоци во стихија, соопши денеска француското Министерство за внатрешни работи.

Најпогоден регион е Гард, каде 119 деца, главно од Германија се евакуирани од кампот Сен Жилијен де Пеиролас, соопшти ресорниот министер Жерар Коломб, пренесува АП.

Највисокиот регионален офцијален претставник, Тијери Дусе, рече за францускиот ТВ канал БФМ ТВ изјави дека од пет кампови се евакуирани околу 750 лица.

Како што се наведува, ангажиран е и тим на нуркачи, зошто пријавено е исчезнувањето на маж од Германија (70), која работел како надгледувач во кампот Сен Жиљен де Пеиролас и за кого се претпоставува дека го однела водата додека се наоѓал во својот автомобил.

Дусе рекол дека 10 лица се здобиле со повреди во градот Бањол Сир Сез на реката Сез, а меѓу нив се и четири деца од Германија кои се хоспитализирани поради хипотермија.

Во акција на спасувањето учествуваа 400 пожарникари и припадници на жандармеријата, од кои многумина се испратени од околните региони, а се наведува дека бројните околни патишта и натаму се затворени за сообраќај.

Официјалните лица предупредија дека треба време поплавите да се повлечат и ги повикаа луѓето да бидат внимателни.