Свет
15. September 2019 - 15:27

Хорор: Масакрирани тела пронајдени во бунар во Мексико, војната на картелите зема замав

Форензичарите идентификуваа 44 тела кои се пронајдени закопани во еден бунар во мексиканската држава Халиско.

Халиско е позната по најнасилните мексикански нарко картели, а ова е втора поголема  гробница која е пронајдена во таа држава оваа година, потсетува Би Би Си.

Повеќето тела биле масакрирани.

Локалната организиација која работи на пронаоѓањето на исчезнати лица побара од владата на терен да испратат повеќе експерти кои би помогнале при идентицикацијата, пренесе Фена.

Тие наведоа дека локалното форензичко одделение е пренатрупано и дека ги нема потребните експерти за завршување на операцијата за идентификација.