Балкан
27. October 2016 - 12:01

Хорор: Мајка си го задавила новороденчето и го закопала

Припадниците на полицијата од Фоча ја уапсија С.К. под сомнение дека го задавила тукуштороденото синче.

-Во текот на криминалистичката обработка осомничената кризна дека на 14. август во селото Кршевина, општина Фоча, во близина на куќата родила живо машко дете и веднаш го задавила, а потоа го закопала, соопшти полицијата.

Врз основа на наредба од Основниот суд Фоча, поради ексхумација и увид, вчера на местото излегоа јавен обвинител, судски вештак и увидна полициска екипа.

-Пронајдени се и ексхумирани остатоците од безживотното тело на новороденче, кои со возило на погребалното претпријатие се префрлени во Универзитетската болница во Фоча поради судско - медицински вештачења наложени од страна на обвинителството, изјавија од полицијата.