Балкан
21. September 2017 - 14:53

Хорор: Камерите снимиле како пит бул напаѓа 10-годишно девојче

Безбедносните камери во ОУ „Никола Тесла“ во Винча, Србија успеале да снимат напад на куче, раса пит бул, врз 10 - годишната Дуња Дедиќ. Нападот се случил во понеделникот за време на големиот одмор. Откако девојчето сакало да го погали и му подало рака, кучето скокнало на неа.
Дуња завршила во болница, а од нападот се има здобиено со три гребаници на лицето и седум конци, а рака и е во завој. За среќа нема скршеници, но моментално едното око и е затворено.