Хорор исповед: „Слушнав како ме сечат и чувствував болка, го броев секој конец”
Сара Њутон (32) од Велика Британија отишла на операција на желудникот и рбетот, но не помислила дека во текот на операцијата ќе се разбуди. Имено, нејзе ја подготвувале за операција и ставиле опивка во вена, а потоа и се замралиле и следното е кое се сеќава е силна болка.
-Почувствував како ме сечат, како целиот стомак ми е отворен. Не бев сигурна дали сонувам или не. Слушнав како коментираат крвавење и се обидов да вреснам, ама не успеав да произведам звук. Мрдав со прстите, но никој не забележа. Почнав да паничам, мислев дека ќе умрам, рече Сара.
Девојката била будна цели 40 минути во текот на својата операција, а прва работа што кажала по хируршкиот зафат е дека „била будна“. Потоа анестезиологот и признал дека ја променил својата вообичаена процедура на давање одредени анестетици. Болницата поради тоа морала на девојката да и исплати отштета од 40.000 евра.
И други пациенти кои се буделе во текот на операцијата велат дека не чувствувале болка со полн интензитет, тука само затегнување и гушење.
Најчесто се случува пациентот да го слушне разговорот меѓу докторите и сестрите, а до будење доаѓа поради недоволна доза на анестетици или чувствителност на организмот на лекови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација