Македонија
26. December 2016 - 13:20

Хорор: Го пронашле починат во планинарски дом на Плачковица

Вчера во 05.45 часот во СВР Штип, П.С. пријавил дека на планината Плачковица, општина Карбинци, во планинарскиот дом „Вртешка“, Љ.Д. (59) од Штип бил пронајден починат.
 
Истиот, отишол во домот на 24.12.2016 година во 13.00 часот, а боледувал од срцеви болести.
 
Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Штип, каде ќе биде извршена обдукција.