Хорор глетка: Татко го убил својот син и со месеци трупот го криел во куќата
Радован Ѓујиќ (72) од Брезичан кај Приједор е уапсен под сомнение дека со тап предмет го убил синот Душко Ѓујиќ (44), чие тело најмалку два месеци лежело во нивната семејна куќа.
Телото кое била во поодмината фаза на распаѓање, во понеделникот околу 14 часови го пронашла полицијата, по што дошле до оперативните сознанија дека Душко исчезнала, односно жителите на Брезичан со денови не ги виделе во село. Трагајќи по човекот, полицијата дошла до имотот на Ѓујиќ и на катот од куќата го пронашла телото на мажот покриено со вар, со повреди на главата. Собата била испревртена, со траги на борба.
-Во присуство на доктор увид изврши дежурен јавен обвинител и полициски службеници на Полициската управа Приједор при што е утврдено дека се работи за 44-годишник од Приједор. На самото место се пронајдени траги кои упатуваат на постоење на елементи на кривичното дело - тешко убиство, поради што од слобода е лишен Р.Ѓ., соопшти полицијата.
Осомничениот Радован е спроведен на криминалистичка обработка, додека телото на Душко е префрлено во Заводот за судска медицина на Република Српска, и со обдукција е потврдено е дека е убиен. Се претпоставува дека е удиран по глава со секира, што ќе биде предмет на натамошна обработка.
-Причината за смртта се повеќекратни повреди на главата нанесени со тупо-тврд предмет. Исклучена е можноста за убиставо со огненео оружје, а телото се наоѓало во поодмианта фаза на гниење поради што ќе бидат правени додатни анализи, вели извор од истрагата.
Жителите на Брезичан велат дека Душко живеел во приземјето од куќата заедно со братато Драшко, кој е лице со посебни потреби, додека нивниот татко Радован живеел на спратот. Браќата наводно едвај врзувале крај со крај и живееле од социјална помош, додека таткото имал многу подобри услови за живот. Токму тоа велат жителите, создало јаз меѓу нив, а се верува дека тоа му „кумувало“ на убиството.
-Радован неодамна продал одреден имот, па Душко од него барал пари, но овој не му дал. Поради тоа често се карале, а биле и склони кон алкохол и веројатно таа комбинација од два фактори довела до злосторството, зборуваат мештаните.
Тие тврдат дека Душко не го виделе повеќе од два месеци, па се претпоставува дека тогаш е убиен. Сепак целото село е шокирано од однесувањето на Радован во последните два месеци. Тие велат дека Радован за тоа време се однесувал нормално, како ништо да не случило, иако е очигледно знаел дека во приземјето на куќата лежи трупот на неговиот син. За се да биде уште полошо, во долниот дел од куќата живеел и неговиот друг син, кој по откритието на злосторството е однесен на психијатрија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО