Свет
4. January 2017 - 12:53

Хорор: Државен службеник рани двајца функционери, па се самоуби

Државен службеник вооружен со пиштол денеска упаднал во сала во која се одржувал состанол на локалните градски и партиски лидери на југозападниот кинески град Панџихуа и почнал да стрела кон присутните.

Како што јави Хсинхуа, при нападот се ранети градоначалникот на Панџихуа, Ли Џијанчин и лидерот на Градскиот комитет на Комунистичката партија на Кина, Чанг Јан. 

Веднаш по инцидентот, напаѓачот, кој работел како секратар на градската управа, побегнал во непознат правец.

Меѓутоа набрзо, безживотното тело на 54-годишниот секретар Чен Џунгшу било пронајдено на друг кат во истата зграда во која го извршил нападот. Врз основа на прострелната рана, полицијата претпоставува дека тој извршил самоубиство.

Ранетите функционери се пренесени в болница и според кинеските медиуми, тие се вон животна опасност.

Причините за нападот засега не се познати.