Хорор: Болно љубоморен маж ја задавил сопругата со голи раце
Во ноќта на ставот и ужасот во улицата Иван Милутинович 14, младата Ана (22) и нејзината сестра, студентката Анита Анѓелковиќ (20) од Владичин Хан, на 19. март околу 22 часот останаа без двата родители.
Суровата волја на судбината, сакаше нивниот татко Ратко Анѓелковиќ (55) крвинички по кавга, со голи раце да ја задави сопругата Мира (43). По ужасното злосторство заминал кон родното село Мањак. Таму зел јаже и се обесил.
-Не повикаа пријателите кои славеа прв роденден на детето. Пред да одат на прославата на роденденот, мама отиде на фризер, а тато се налутирл. Во саботата утрото жестоко се караа. Иако татко ми зборувал дека нема да оди на роденденската прослава, сите отидовме во кафеаанта. Убаво си поминавме на роденденот. Додека траеше прославата, мама и татко си отидоа дома. Сестра ми и јас заминавме во град, вели ожалостената и длабоко потресената Ана Анѓелковиќ.
Убиецот Ратко бил болно љубоморен на сопругата Мира, која со ќерката Ана била вработена во супермаркетот „Јабука“. Мира Анѓелковиќ поради болната љубомора на сопругот трпела психичка тортура и ќотек. Неретко, Ратко љубоморни сцени приредувал и во супермаркетот.
Ја наговарал жената да не работи повеќе, дека и е место дома. Поради пдихичкото малтретирање и ќотекот, несреќната жена мажот често го пријавувал во полиција, но органите на јавниот ред и мир не реагирале. Ќерките тврдат дека Ратко често зборувал дека „ќе ја среди Мира“.
-Додека бевме во град, тетка ми се јави веднаш да си дојдеме дома зошто тато ја убил мама. Кога дојдовме дома, имаше крв на сите страни. Татко ми и мајка ми вечерале во кујната и се сакрале. На кујнската маса се наоѓаше храна. Мајка ми неја видовме мртва. Крвавите пешкири говорат дека мама се бранела. Требало официјално да се разведат на 20. март. Татко ми работеше во една фирма која го градеше Коридорот 10, рече неутешната Ана.
Соседите и многу граѓани на Владичин Хан тврдат дека Мирјана била исклучително љубезна, внимателна и дружељубива.
Несложните сопружници со деца живееле во една куќа како постанари.
Ќе бидат погребани одвоено
Заради обдукцијата се уште не се знае кога ќе биде погребана жртвата на семејниот масакр и убиецот. Ожалостените ќерки на несреќниот брачен пар истакнуваат дека ќе бидат погребани одвоено. Мајката мира ќе ја погребаат во родното село Мачкатица, а злосторникот Ратко на селските гробишта во Мањак.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна