Живот
15. August 2016 - 10:36

ХОРОР: Бабици при породувањето ја враќале главата на бебето во вагината

Керолајн Малотеста во 2014 дошла во болницата Бруквуд батист медицински центар да се породи четврти пат, но не ни помислувала што ја чека. Оштетата од 16 милиони долари е премалку за траумата која оваа жена ја преживеала во болницата.

По препорака на други жени дошла со желба да има природно породување, а тоа било се освен природно и убаво породување.

Откако дошла во болницата сестрите ја известиле дека нејзиниот доктор не е во болницата.

„Тоа е тоа што не го сакав. Сакав да ме пуштат да родам како што сака, а во сите преговори околу договор се однесуваа со мене како да сум малолетно дете“, ја раскажува таа својата приказна на судот за тој кобен ден.

Кога и пукнал водењакот, Керолајн се струполила на земја, сестрите кога влегле ја поставиле на грб, иако не бил таков договорот. Пробувала да извлече од класичната положба, но бабиците ја држеле цврсто, а кога почнало да излегува бебето, една од бабиците го застанала и го враќала назад во вагината.

Полни шест минути детето пробувало да излезе надвор додека не дотрчал доктор. Во тие 6 минути Керолајн имала силни провокации, а бидејќи не давале да излезе бебето, притисокот на нејзината вагина и матерциа бил толку силен, што на крај добила пудендална неургелија со трајно ослабување на нервите во вагиналниот предел.

Лекувањето траело 6 месеци после породувањето, цело време чувствувајќи остра болка.

После долготрајниот судски процес судот и доделил одштета од 16 милиони долари, а во болницата се обвинетите за негрижа.

„Ниту денеска не знам зошто воопшто мораше да се случи. Само сакав да имам природно породување, а не како и претходните три породувања да ме постават на грб во поза во која никогаш не ми беше лагодно да родам. Грозно е тоа што тие го прават во болниците, мислат дека жените се глупи поради своите желби да го почуствуваат убавото искуство при породувањето и не се свесни дека некогаш знаат повеќе од нив“, раскажува очајната Керолајн.