Свет
12. January 2016 - 10:32

Хорор: Автобус со фудбалери падна во река, загинаа 21 лице

Автобусот кој превезуваше фудбалери на мексиканскиот аматерски клуб Депортиво Камарон падна од мост во река и во таа прилика загинаа најмалку 21 лице, соопштија локалните власти.

Страотната сообраќајна несреќа се случи на истокот од Мексико, во општината Атојак во сојузната држава Веракруз.

Автобусот превезувал играчи од селскио клуб Депортиво Камарон на натпревар од локалната аматерска фудбалска лига, наведуваат од полицијата додавајќи дека меѓу патниците имало и деца. Загинаа 21 лице, а повредени се уште 30 лица.