Македонија
13. November 2017 - 20:57

„Хорекаши“: Полициската акција го наруши угледот на угостителските објекти

Со полициската акција во угостителските објекти спроведена на 11 ноември годинава, нанесена е огромна материјална штета и е нарушен угледот, посебно на објектите во кои не се најдени неправилности, реагира Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши“.

„Хорекаши“ ги поздравува сите напори на државните институции за доследно почитување на законските прописи и создавање еднакви услови за сите угостители, но не смета дека е соодветен начинот на кој се реалира акцијата.

- Посетени се повеќе од 40 објекти и најдени се неправилности во не повеќе од 18 објекти, од кои за 13 објекти е издадено решение за затварање. Во сите 40-тина објекти е нарушено редовното работење, а во многумина и стопирано. Со тоа е нанесена огромна материјална штета и е нарушен угледот, посебно кај оние 30-тина каде не се најдени неправилности. Посебен акцент ставаме на предизвиканиот страв кај гостите од кои повеќето се странци видно загрижени за својата безбедност, кои вчудоневидени седеа во објектите спречени да ги напуштат од припадниците на ЕБР наоружани до заби, за кои сите знаеме дека таму не им е место, стои во реакцијата на Здружението.