Бизнис
30. July 2015 - 20:16

Хонорарците задоволни од укинувањето на обврската за плаќање придонеси

Хонорарците задоволни од укинувањето на законот. Вчерашната одлука на Владата наиде на позитивни реакции кај нив. Велат дека ослободувањето од обврската за плаќање на придонеси за нив претставува големо олеснување, посебно за оние кои се во редовен работен однос и земаат дополнителни хонорари.

Вицепремиерот Ставрески вчера истакна дека со укинувањето на придонесите државата покажува дека целта не е да се полни буџетот, туку да се помогне на оние кои работат а немаат никакви уплати во фондовите,  а со тоа и права кои произлегуваат од таквиот работен однос.

Тонско Зоран Ставрески Вицепремиер и министер за финансии

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека законот беше донесен со цел да се вклучат работниците во системот на здравствено и пензиско осигурување, но проценките покажале дека ефектите се постигнати со проектите и мерките кои донесоа нови работни места.

- Нашиот став е јасен, бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување повеќе вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено работно време одат во прилог  на остварување на нашите стратегиски цели, велат од ССМ.

Плаќањето на придонеси за авторски и други договори стапи на сила од јануари. Со законот хонорарците беа обврзани да ги плаќаат придонесите за пензиско и здравствено осигурување во висина од 37 отсто од нето приходот што го добиваат.