Свет
21. February 2020 - 12:29

Хонгконшки граѓани сами произведуваат хируршки маски

Жители на Хонг Конг создадоа фабрика за производство на хируршки маски, кои недостигаат за заштита од епидемијата на новиот коронавирус.

Откако минатиот месец во Хонг Конг беше регистриран првиот случај на новиот коронавирус локалните жители почнаа во паника да купуват маски и влажни марамчиња.

Група лица од Хонг Конг платиле 150.000 долари за увоз на машина за производство на маски од Индија и со неа е можно да се произведат до 100.00 маски на ден. Еден од групата нагласува дека до април ќе имаат осум машини. Една таква маска чини 13 центи (еден хонгконшки долар). За споредба, во некои од продавниците цената е 10 хонконшки долари. Со акцијата тие сакаат да сопрат зголемување на цените во продавниците во Хонг Конг.