Спорт плус
25. February 2021 - 11:32

Холовеј урна светски рекорд стар 27 години

Американскиот спринтер Грент Холовеј постави нов светски рекорд на 60 метри со пречки. Холовеј, во Мадрид, успеа да го урне 27 години стариот рекорд на Колин Џексон.
 
23-годишниот атлетичар од Вирџинија, делницата ја истрча за 7,29 секунди. Холовеј за три стотинки го поправи личниот рекорд, поставен неодамна на митингот во Левијан.
 
Грент Холовеј е светски првак на 110 метри со пречки. Титулата ја освои во 2019 година на Мундијалот во Доха.