Холивуд однапред го осуди Младиќ - Во очи на пресудата пуштен анти-српски филм
Се снимал во Белград, а во него покрај странски, играат и домашни српски актерки.
Во очи на изрекувањето на пресудата за командантот на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ, се појави нов холивудски филм. Новото дело “Обичен човек” говори токму за генералот Младиќ, поточно за периодот додека тој се криеше. Многу српски критичари и медиуми го осудија филмот како површен, а медиумите во Република Српска сметаат дека со овој филм Холивуд однапред го осуди Младиќ.
Филмот го режирал Бред Силберлинг, а главната улога ја толкува Бен Кингсли. Ова остварување говори за српскиот воен генерал, кој се крие од органите на прогонот.
Покрај него во филмот можеме да видиме и една млада девојка која работи за него. Критичарите исто така сметаат дека постојат многу грешки во самиот филм, и дека приказната не е точно доловена.
Дел од критиките се однесуваат на тоа дека секогаш кога Холивуд се занимава со оваа тематика и војните на Балканот, негативците се секогаш Срби.
Многумина ги изненади тоа што филмот излезе пред изрекувањето на пресудата.
Потсетуваме дека, филмот на Анџелина Џоли “Во земјата на крв и мед”, излезе додека траеше судењето на Радован Караџиќ.
Погледнете го трајлерот за филмот “Обичен човек”:
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец