Спорт плус
28. July 2018 - 10:52

Холанѓанките конечно го освоија златото, вечерва машкото финале Србија - Шпанија

Женската ватерполо репрезентација на Холандија го освои златото на Европскиот шампионат што се одржува во Барселона. 

 
По два неуспешни обиди во кои беа на чекор до шампионскиот трофеј, конечно холанските ватерполистки успеаја да се закитат со златниот медал на ЕП во Барселона. 
 
Холанѓанките во финалниот меч ја победија Грција со 6-4 по четвртини 2-1,2-2,1-0 и 1-1, па по пауза од точно 25 години се искачија на највисокото место на пиедесталот. 
 
Бронзата и припадна на домашната селекција на Шпанија која убедливо со 12-6 ја победи Унгарија. 
 
Шпанците вечерва ќе имаат можност да атакуваат и на злато, бидејќи нивната машка селекција ќе игра во финалето. Во него, за противник ќе го има актуелниот европски шампион селекцијата на Србија. Финалниот меч ќе се игра во терминот од 22 часот и 15 минути, а претходно од (20:30 часот) во дуелот за бронзата ќе играат Хрватска и Италија.