Спорт плус
28. August 2015 - 16:23

Холанѓанката Шиперс победи на 200 метри со нов европски рекорд

 
Седмиот ден на СП во атетика минува во знакот на двајца европски атлетичари.
 
Холанѓанката, Дафне Шиперс, победи на трката на 200 метро и тоа поставувајќи нов Европски рекорд, а воедно и трет најдобар резултат на сите времиња во светот.
 
Таа истрча во време од 21 секунда и 63 стотинки оставајќи ги зад себе атлетичарките од Јамајка, Илејн Шиперс од Јамајка, која до среброто стигна со 3-стотинки послаб резултат, односно бронзената  Вероника Кембел Браун која заостана 34 стотинки зад победничката 21.97.
 
Ова е прво светско злато на Шиперс, која пред неколку дена заврши втора на 100 метри.
 
Русинот Сергеј Шубенков изненади во трката на 110 метри со пречки. Тој до златото стигна во време од 12.98 секунди што беше за 5-стотинки побрзо од Хансли Парчмент од Јамајка односно 6-стотинки подобро време од трето пласираниот Ариес Мерит од САД.
 
Неверојатна трка имаше и на 100.метри со пречки во женска конкуренција, во која Даниеле Вилијамс од Јамајка до мундијалското злато стигна (12.57 секунди), стигна за две стотинки побрзо од Германката, Синди Роледер (12.59), а бронзата ја освои Алина Талај од Белорусија со време 12.66 секунди.