Свет
29. November 2016 - 20:26

Холандските пратеници се изјаснија за делумна забрана за бурките

Долниот дом на холандскиот Парламент денеска со мнозинство гласови го изгласа предлог-законот за делумна забрана за носење на бурки на јавни места, како што се училиштата и болниците.

- Законот е усвоен, изјави претседателот на Долниот дом на холандскиот Парламент Кади Ариб.

За законот да стапи во сила потребно е да биде одобрен од Сенатот.