Свет
24. August 2017 - 16:43

Холандската полиција потврди: Американската рок група Алах Лас била мета на планиран терористички напад

Холандската  полиција потрвди дека американската рок група Алах Лас  била мета на планиран терористички напад. Концертот на групата, кој требаше да биде одржан  синоќа  во Ротердам беше откажан во последен момент. Полицијата реагирала по дојава од шпанските колеги  за можен напад и по пронаоѓање на комбе со шпански регистарски таблички полно со плински боци, во близина на концертната сала.  

 -Информацијата  од шпанската полиција велеше дека е планиран  напад на концерт на американски бенд во концертната сала Масило.. Бендот се нарекува Алах-Лас. Тоа е чудно име, но е  само рок бенд. Информацијата  беше толку сериозна што полицијата се консултираше со организаторите изјави градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб.

Возачот на комбето  веднаш бил приведен,  но  повеќе детали засега не се откриваат.