Бизнис
14. October 2016 - 16:36

Холандската компанија „Ино-фруит“ ќе инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 130 работни места

Околу 130 нови вработувања во Богданци и регионот. Холандската компанија Ино - фруит ќе инвестира околу 10 милиони евра и ќе го превземе имотот на поранешниот комбинат Агролозар. Компанијата  ќе се занимава со производство на најсовремени сорти на цреши а планирано е на површините што ќе ги откупат да одгледуваат и други дологодишни насади.

Од компанијата информираат дека производството за почеток ќе се одвива на 55 хектари. Во иднина планираат да ги зголемат насадите односно површините на 250 хектари. Ова ќе ја зголеми нивната инвестиција, но сеуште не можат да проценат колку ќе изнесува.

Компанијата Ино фруит работи 16 години, а последните 3 се занимава со производство. Дел е од групацијата Olympic Food Group. Оваа групација поседува модерен автоматизиран логистички центар во Холандија каде што го прибира овошјето и зеленчукот и ги дистибуира на пазарите во ЕУ, на Блискиот исток како и во САД.