Loading Video...
Свет
18. March 2019 - 17:08

Холандија - Вооружен маж пукал во патници во трамвај,најмалку три жртви

Холандската полиција  трага по напаѓачот кој утрово пукал во патници во  трамвај  во движење  при што најмалку три лица   загинаа  а повеќе се повредени.

Инцидентот се случил во градот  Утрехт.

Според полицијата се работи за 37 годишен маж роден во Турција.  Неговиот мотив засега  е непозант .

Полицијата соопшти дека не се исклучува дека нападот бил терористички.