Ракомет
14. December 2016 - 18:35

Холандија во полуфиналето на Европското првенство за ракометарки

 
 
 
Ракометарките на Холандија и му се приклучија на актуелниот светски и европски шампион Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.
 
Холанѓанките попладнево ја совладаа селекцијата на Шпанија со 29-24 и со двата освоени бода го потврдија своето место во полуфиналето. Ова беше меч од групата 1, во која за второто место ќе конкурираат Франција и Германија.
 
Германките кои имаат бод помалку од Франција попладнево ќе играат против домаќинот Шведска, додека во вечерниот термин Франција за противник ќе ја има Србија.
 
Табела: *Холандија 8 бодови, Франција 6, Германија 5, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 1.
 
Во групата 2, од каде Норвежанките се сигурни полуфиналистки, за второто место во директен дуел ќе играат Романија и Данска. Инаку, во првиот меч од оваа група Унгарија и Русија одиграа без победник 26-26, додека во последниот натпревар ќе играат Норвешка - Чешка (од 20:45 часот).
 
Табела: *Норвешка 8, Романија 6, Данска 5, Русија 4, Чешка 3, Унгарија 0.