Холандија од јануари го менува името: Ќе сменат се’ дури и познатиот заштитен знак
Холандската влада официјално објави дека во 2020 година ќе престане да го користи досегашното име на државата и ќе се вика Нидерланд.
Владата работи на новиот имиџ на земјата кој подразбира не само укинување на името Холандија туку и отстапување од логото со портокалово лале.
Географски, Холандија ги покрива само деловите околу Амстердам, Ротердам, Хаг и Харлем. Меѓутоа во странство е попознато името Холандија отколку Нидерланд, кое според мислењето на владата, е вистинското име на државата.
Така од јануари ова име ќе биде отстрането од сите официјални маркетинг материјали. Тој дел од комплетното „ребрендирање“ ќе ја чини државата 200.000 евра.
Нидерланд ќе биде официјалното име на оваа земја на изборот на Песна на Евровизија во мај во Ротердам, и во текот на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Исто така фудбалската репрезентација исклучиво ќе се нарекува Нидерланд на секој официјален настап,
Според мислењето на владата, прекарот Холандија предизвикува премногу клишеа, како што се кломпите, лалињата, ветерниците и марихуаната, а тоа не се работи за кои ниската земјата се залага.
Министерот за економија Ерик Вибис рече дека Нидерланд има најконкурентна економија во Европа, и е силен носител на иновативни решенија на техничките и социјалните предизвици. И поради тоа Холандија мора да исчезне.
Новата стратегија исто така се концентрира на одржлив туризан, фокусирајќи се на подолг престој кој го надминува Амстердам. Во мај земјата најави дека повеќе нема активно да ја промовира Холандија како туристичка дестинација, зошто градовите и атракциите биле преоптоварени.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.