Loading Video...
Фудбал
4. July 2019 - 15:35

Холандија е вториот финалист на СП за жени

Репрезентацијата на Холандија е вториот финалист на женското Светско фудбалско првенство што се одржува во Франција. 
 
Холанѓанките кои се актуелни европски шампионки, во полуфиналето на Мундијалиот ја победија репрезентацијата на Шведска со 1:0. 
 
Откако регуларните 90-минути завршија без голови (0-0), во 99.минута Џеки Гроенен со прекрасен гол ја одведе Шведска во финалето. 
 
Во него, тие за противнички ќе ги имаат фаворизираните Американки кои во првото полуфинале беа подобри од Англија со 2:1. 
 
Финалниот меч на женското светско фудбалско првенство ќе се игра во недела од 17 часот.