Фудбал
28. November 2019 - 8:28

Холанд е првиот тинејџер во евро-куповите што постигнал гол пет натпревари по ред

Фудбалерот на Салцбург Ерлинг Холнад беше стрелец на еден гол синоќа во победата на неговиот тим на гостувањето кај Генк.

Деветнаесет годишниот Холанд е првиот тинејџер кој на пет натпревари во низа во евро-куповите се запишал во листата на стрелците.

Оваа сезона, Холанд одигра 18 натпревари за Салцбург на кои постигна 26 голови и забележа шест асистенции.