Македонија
25. April 2019 - 18:24

Хојт Ји: Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени

Членството на некои земји од Западниот Балкан  во ЕУ до 2025 не е реално, смета  поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија. За Брајан Хојт Ји нема дилема дека  регионот треба да продолжи на патот на евроинтеграциите, но вели дека на тој пат двете страни треба да бидат искрени.  Залажувањето  дека членството ке се случи за две три или пет години, посочува американскиот дипломат,   им оди во корист само на клептократите и корумпираните функционери во овие земји. Штетно е што  Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, вели Хојт Ји,   неколку дена пред конференцијата   во Берлин.

Вицепремиерката Шекеринска е  оптимист  дека реформите кои ги спроведува владата ке бидат препознаени и наградени од  Брисел .  Последен пример за  успешно завршена задача, вели таа, се  престедателските избори

На 29 април во организација на Меркел и Макрон во главниот град на Германија ке се одржи клучна конференција на која освен преставниците на Европската Комисија ке учествуваат и сите лидери од земјите на Западен Балкан.