Македонија
17. May 2016 - 13:56

Хојт Ји утре во Македонија

Заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји утре доаѓа во Македонија, потврдија за Македонската информативна агенција од Амбасадата на САД во Скопје.

Засега нема детали за агендата на средбите на американскиот дипломат во земјава.

Заменик помошникот државен секретар Ји доаѓа во време на политичка криза и закажани избори на 5 јуни на кои ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ.

Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава. Тема на неговите средби со македонските политичари тогаш беше спроведувањето на договореното од Пржино и подготовките за спроведување на изборите.