Хојт Ји: САД остануваат на Балканот | Сител Телевизија
Балкан
9. January 2018 - 14:25

Хојт Ји: САД остануваат на Балканот

САД имаат намера да останат присутни на Балканот и да бидат важен партнер на регионт, бидејќи неговата иднина лежи на Западот, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји. 

- Најмалку последниот четвртина век, САД се активен и важен партнер на Западниот Балкан и планираме да продолжиме да го правиме тоа. Нашата цел за време на повеќе мандати на американската администрација е да работаме со нашите партнери на јакнење на демократските институции и спроведување на реформите потребни за евроатланска интеграција. Тоа останува наш приоритет, изјави Хојт Ји во интервју за подгорички „Вијести“.

Според него, САД планираат да го сторат тоа преку зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и обезбедувањето владите да бидат транспарентни и одговорни.

На прашањето, што ќе направи Вашингтон со цел да се спречи други играчи, како што се Русија, Кина и Турција, да влезат на Балканот во време на вакуумот кој се создаде додека ЕУ и САД се занимаваа со себе си, Хојт Ји нагласува оти не е вистина оти Вашингтон и Брисел го игнорираат регионот и потенцира дека дури ја интензивирале поддршката за негова безбедност, стабилност и економски развој.

- Далеку од тоа дека го игнорираат Балканот, САД и ЕУ всушност ја интензивираа поддршката за безбедноста, стабилноста и економскиот развој на регионот. Пристапот на Црна Гора во НАТО, демократскиот трансфер на власта и обновената посветеност на реформите во Македонија, понатамошните чекори на Србија и Црна Гора кон Европската унија и судските реформи во Албанија, се само примери за успешна соработка меѓу Балканот, ЕУ, САД и другите блиски држави во 2017 година, вели Ји.

Според него, владите во регионот можат и треба повеќе и побрзо да напредуваат во 2018 година, да ја тргнат настрана политиката и подобро да ги искористат предноста на помошта и можностите, кои им ги даваат меѓународните партнери.

- Веруваме дека иднината на регионот лежи на Запад. Истовремено, владите треба да се спротивстават на лажните пријателства на некои странски актери, кои го игнорираат меѓународното право или се противат на западната ориентација на Балканот. Русија, на пример, покажа подготвеност да се меша во изборите, да ги поткопува клучните институции на Западот, како што се НАТО и ЕУ, го користи снабдувањето со енергија, како политичко оружје и ја слабее довербата во демократијата и слободата на пазарот на трудот. Ќе продолжиме да им помагаме на нашите партнери да го зајакнат отпорот кон таквите малигни влијанија,вклучително и зајакнување на полициските и судските институции, доверзификација во снабдувањето со енергија и промоција на одржлив економски раст и евроатланска интеграција, рече Ји.

Тој, исто така, рече дека САД ќе ги исполнат своите обврски кон владите на регионот, без разлика дали тоа е помош, технички совети или политичка поддршка, но додава дека САД очекуваат овие влади и лидери да ги исполнат своите обврски.

- На пример, да ги спроведат реформите или да го почитуваат владеењето на правото. Ќе работиме со оние официјални лица кои ќе се придржуваат кон владеењето на правото и ќе ја делат нашата посветеност на демократскиот и економскиот развој. Лидерите одговараат, се разбира, прво и најважно на оние кои ги избрале, кои се слободни да изберат и некој нов, изјави Хојт Ји.

Прашан да го искоментира извештајот на „Превентивниот ангажман“, во кој Советот за надворешни односи тврди дека Балканот е меѓу 30-те потенцијални „жешки точки“ во светот, со предупредување за можните политички немири и екстремистичко насилство, американскиот претставник истакна дека регионот се соочува со сериозни предизвици - надворешни и внатрешни закани.

- Ако тие се остават неодговорени, можат да произведат сериозни последици за државите од Западен Балкан, рече тој.

Ји тврди дека кревките институции, слабото владеење на правото и неслободните медиуми, овозможуваат ендемска корупција, ги обесхрабруваат странските инвестиции и ги принудуваат граѓаните да емигрираат во постабилни и просперитетни држави.

Хојт Ји проценува дека протести и немири може да се случат ако владите не ги исполнат ветувањата за подобрување во владеењето и животниот стандард. 

Лошите економски услови, исто така, отвораат пат за потенцијално дестабилизирачки чинители, изјави Ји, додавајќи дека САД ќе продолжат да обезбедуваат на ресурси и техничка помош за да им помогнат на владите на Балканот да се спротивстават на заканите и на штетените актери, кои сакаат да ги ослабат институциите, да ги поткопаат реформите и да го спречат напредокот на регионот, вели Ји.