Македонија
3. јуни 2017 - 16:21

Хојт Ји: Да се реши спорот со Грција и да се спроведат реформи

Македонија докажа дека ако се има политичка волја,  политичките кризи и тешкотииите може да се надминат. Тоа е чекор за поздравување , но и  позитивен пример кој треба да го следи остатокот од регионот оцени  заменик помошникот државен секретар  на САД за ЕВропа и Евро Азија Хојт Ји.

И покрај тоа што имаше тешки моменти, како настаните во Собранието во април, кои беа надминати, и покрај одложувањата и неизвесноста, сега има влада, и тоа е мошне позитивен чекор. Воедно ова е и позитивен пример за останатиот дел од регионот, за тоа како тешкотиите и политичките кризи можат да се надминат со политичка волја“, рече високиот претставник на Стејт департментот.

Во интејвјуто  за босанската редакција на Гласот на Америка , Ји налгаси дека   потегот на  претседателот Иванов да му го додели мандадот на Заев е показател дека демократија во МАкедонија е издржлива и црвста. Од новата влада, Високиот дипломат на Стејт департментот очекува да го реши спорот со Грција и да спроведе реформи во соработка со меѓуанродните пратнери, за да може земјата да напредува.

 „Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји-долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција. Целта е постигнување на спогодби коишто би го деблокирале патот на Македонија кон евро-атлантска интеграција“.

На прашањето зошто обичните граѓани од регионот би сакале интеграција во ЕУ и НАТО тој одоговри

 „Државите кои се напредни, стабилни, безбедни, каде има мир, обично се опколени од други стабилни, мирни, просперитетни држави. Не е случајно што ниту една земја досега не побарала излез од НАТО. Од истите причини што државите кои се внатре, не сакаат да излезат, оние кои се надвор, сакаат да влезат. НАТО обезбедува ниво на безбедност што е потребно за стабилност и напредок. Сојузниците на Алијансата генерално располагаат со три пати повисок бруто домашен производ споредено со земјите од Западниот Балкан коишто се обидуваат да станат дел од НАТО“.

 Приклучување кон ЕУ и НАТО дава поголема шанса за растечка економија, вработувања и образование, додаде тој.  Во интервјуот високиот американски дипломат уште еднаш повтори дека политиката на САД  кон  државите во регионот  останува непроменета.