Свет
14. October 2019 - 11:55

Хофер бара да не им се даваат австриски државјанства на Турците

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Норберт Хофер смета дека Турција треба да понесе сериозни последици заради својата воена интервенција против Курдите во Сирија.

-Турција ги напаѓа овие луѓе, кои храбро се бореа против таканаречената Исламска држава, а светот не реагира. НАТО треба Турција да ја исклучи од воениот сојуз, истакна Хофер.

Тој кажа дека однесувањето на Турција мора да биде санкционирано. Австрија, според него, исто така, мора да реагира и како прва мерка да го откаже доделувањето државјанства на Турците.

Во своето соопштение Хофер вели дека меѓународната заедница мора да ги прекине сите испораки на оружје за Турција.

-Военото влегување на Турција во Сирија не смее да биде охрабрено со дополнителни испораки на оружје. Австрија уште во ноември 2016 година ја прекина испораката на оружје, рече тој.