Фудбал
9. јуни 2020 - 10:22

Хофенхајм го отпушти тренерот Шрејдер

Раководството на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм го раскина договорот со тренерот Алфред Шредер. Соработката на 47-годишниот Холанѓанец со бундеслигашот требаше да трае до јуни 2022 година, но предвреме заврши.

Хофенхајм го објаснува заминувањето на Шредер со тоа што страните не се согласија за понатамошен развој на клубот.

Тренерот го презема тимот пред почетокот на оваа сезона. По 30 кола, Хофенхајм е на солидното 7. место во Бундеслигата.