Балкан
15. January 2019 - 19:03

Хоџај: Преговорите со Србија во Брисел ќе продолжат во февруари

Потпретседателот на Владата на Косово и челн на државната делегација за преговори со Србија Енвер Хоџај најави дека наредната средба на преговарачките тимови на двете држави со посредство на Европската унија ќе се одржи во Брисел во текот на идниот месец, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај за весникот „Зери“ изјави дека Приштина се уште не добила никаква официјална покана, но дека треба да се очекува состанокот во рамките на дијалогот за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу двете земји да се одржи во текот на февруари.

Весникот наведува дека косовската делегација, која беше формирана од Собранието кон крајот на минатиот месец, утре ќе ја презентира својата плкатформа за дијалогот во Брисел, во која ќе ги соопшти темите за кои двете земји ќе разговараат.