Балкан
9. February 2017 - 11:07

Хоџај: Косово е загрижено поради што Србија го зајакнува воениот потенцијал

Косовскиот министер за надворешни работи  Енвер Хоџај изрази загриженост поради тоа што Русија воено ја зајакнува Србија и што Србија го зајакнува својот воен потенцијал.

Хоџај, како што денеска објави приштинскиот весник „Зери“, истакна дека Белград подготвува „нови провокации“ за Приштина.

- Загрижувачки за Косово е што Србија го зајакнува својот воен потенцијал со помош на Русија, посочи Хоџај вчера пред Космисијата за надворешни работи при косовскиот Парламент.