Хоџа: Прифатени две од барањата на Беса, за другите две ќе се разговара понатаму
Беса на Биљал Касами и Владата успеале да најдат решение во текот на преговорите за два амандмана директно поврзани со Договорот од Преспа во однос на дијаспората и дефинирањето на државјанството, а за другите две точки кои не се директно поврзани со Договорот ќе се расправа понатаму.
Во делот за дијаспората, како што посочи денеска во Собранието, генералениот секретар на Беса Аријант Хоџа каде што се набројуваат етничките заедници се наведуваат и Албанците како етничка заедница во тој уставен амандман.
-Исто така во уставниот закон успеавме да најдеме креативно решение во однос на државјанството за да можеме тоа да го утврдиме на албански јазик, односно во пет закони да се утврди како државјанството ќе се пишува во документи на албански, рече тој.
-На албански јазик во сите документи ќе стои Македониш, во превод „на Македонија“, појасни Хоџа.
Додаде дека за другите две точки, кои не се директно поврзани со Договорот од Преспа, а се однесуваат на правата на Албанците, како што е преамбулата и законот за јазиците се договориле да разговараат во првата прилика кога ќе се отворат овие прашања и заеднички да изнајдат решенија.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри