Македонија
14. May 2018 - 11:24

Хоџа ќе биде обештетен за раскинувањето на советничкиот договор

Шаќири ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алиас Командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата.

Од Владата пред една седмица наведоа дека поранешниот командант на ОНА  и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци, и неколкупати по воениот конфликт во 2001 година даваше милитантни и радикалистички изјави, бил ангажиран како специјален советник на премиерот Зоран Заев како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. За тоа беше предвидена плата од 36.000 денари.