Loading Video...
Кошарка
20. December 2018 - 16:19

Хјустон постави нов рекорд, а Голден Стејт беше одново поразен

Од дванаесетте одиграни средби во НБА лигата издвојуваме три. 
 
Тимот на Хјустон постави нов рекорд и тоа со реализирани 26 удари за три поени во мечот против Вашингтон кој “Ракетите“ го добија со 136-118.
 
Од нив шест постигна Џејмс Харден кој средбата ја заврши со 35 поени, додека Крис Пол кој уфрли 21 поен, имаше пет погодени тројки. 
 
Еден од послабо рангираните тимови сезонава, Јута славеше триумф над Голден Стејт. „Џезерите“ победија пред својата публика со 108-103, нанесувајќи му го 11-от пораз на шампионот сезонава. 
 
Најнеизвесниот меч го одиграа Минесота и Детроит, а го добија гостите со 129-123 по дополнителните пет минути.
 
 
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
 
Орландо - Сан Антонио 90:129
Филаделфија - Њујорк 131:109
Сакраменто - Оклахома 113:132
Бостон - Феникс 103:111
Милвоки - Њу Орлеанс 123:115
Торонто - Индијана 99:96
Чикаго - Бруклин 93:96
Портланд - Мемфис 99:92
Шарлот - Кливленд 110:99