Loading Video...
Кошарка
5. May 2019 - 14:28

Хјустон по продолжение го совлада Голден Стејт

 
 
 
Екипата на Хјустон по продолжение го совлада Голден Стејт во третиот дуел од полуфиналето на Западната конференција. 
 
На првата средба која се играше во Хјустон, домашниот тим три четвртини го контролираше резултатот, но во последната му дозволи на шампионот да се врати во игра и регуларниот дел да заврши со изедначени 112-112.
 
Во продолжението Џејмс Харден постигна седум од 14-те поени на „Ракетите“ и со вкупно 41 го предводеше својот тим до конечен триумф. Голем придонес во оваа победа на Хјустон имаше и Ерик Гордон кој средбата ја заврши со 30 поени, додека најефикасен на мечот, беше гостинскиот кошаркар Кевин Дурант чиј 46 поени не беа доволни да се избегне поразот 
 
Со тоа Хјустон ја намали предноста на Голден Стејт на 1:2 во победи во серијата подобар до четири која продолжува во вторник наутро со нов меч во Хјустон 
 
Вечерва на програмата се четвртите дуели меѓу Филаделфија и Торонто (од 21:30 часот), односно Портланд и Денвер (1 часот по полноќ) во кој домаќините имаат водство од 2:1 во победи.