Кошарка
24. April 2018 - 10:40

Хјустон и Јута на чекор до конференциското полуфинале

Екипите на Хјустон и Јута ги дели само уште по една победа, за да обезбедат пласман во полуфиналето на Западната конференција.

 
Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, Хјустот ја оствари третата победа над Минесота со 119-100, откако третата четвртина ја добија со 50-20.
 
 
Џејмс Харден со 36 и Крис Пол со 25 поен беа најзаслужни за оваа победа на „ракетите“. 

До водство од 3-1 во победи стигна и Јута која предводена од Донован Мичел кој постигна 34 поени ја совладаа Оклахома со 113-96.